Акциите на Алкалоид со неверојатен раст од 7,2% во 2021

Стартот на 2021 година е фантастичен за акционерите на најголемата фармацевтска компанија и со право тријат раце.

Од почеток на ова година просечната цена на акцијата изнесувала 11 900,00 денари, а заклучно 22.03.2021  таа изнесува 14 157,58 денари, што укажува на акциски пораст од 7,2%.

Од почетокот на пандемската 2020 година, заклучно со 30.12.2020 година, истргувани се вкупно 89.995 акции на Алкалоид АД Скопје. За истиот период, цената на акцијата забележува пораст за 10,98%.

Вкупниот промет изразен во денари изнесувал 1.132.853,535 или 18.420.382,68 евра.

Исплата на дивиденда за 2020 година во износ од 400 денари бруто, односно 360 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 360 денари бруто, односно 324 денари нето е поголема за 11% на нето основа.

Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2020 година е 20-ти април.Прв датум на тргување без право на дивиденда за 2020 година е 21-ви април. Исплатата на дивиденда ќе започне од 19-ти мај.

Во 2018 година, дивидендата по акција изнесувала 320 денари, додека во 2017 година дивидендата по акција изнесувала 270 денари. Во 2016 година дивидендата изнесувала 250 денари по акција.

Дивидендниот принос во 2018 година, изнесувал 3,9%.

Извор: Пари