Владата ќе формира работна група за да ги смири СДСМ и ДУИ

Поради недоразбирањата на релација СДСМ-ДУИ, Владата формира работна група за доближување на ставовите, потврди пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, говорејќи околу несогласувањата меѓу коалиционите партнери за промена на Изборниот законик.

Пратеникот на ДУИ пак, Артан Груби, вели дека недоразбирањата меѓу СДСМ и ДУИ се вистински и искрени, кои настануваат поради разликите и приоритетите на партиите во нивните програми.

Дуи на изборите ќе настапи самостојно. За партијата не е важно дали со техничката влада, ќе ги изгуби министерствата со кои сега раководи. Ова го потенцираше Артан Груби по завршувањето на централното претседателство на ДУИ.

ДУИ е најголемата албанска политичка партија и на овие избори ќе настапи самостојно, без коалиции ниту со македонските, ниту со албанските партии. Напротив, ги повкуваме албанските партии во опозицијата да се соединат, да не изгубат Албанците гласови и потенцијал од пратеници во Собранието во нашата државата. Се надеваме дека ќе успеат да се обединат, за да не изгубат Албанците. Во секој случај, тука е ДУИ која ќе ги добие изборите и сметам дека ќе ги претставуваме така како што сме ги претставувале Албанците во изминатите 17 години, на најдостоинствен начин, рече Груби.

„Во однос на Изборниот законик, особено изборниот модел за следните избори, сметаме дека без широк консензус, без учество на сите политички партии во земјата и без сеопфатна дебата со сите засегнати страни во процесот,  не може да има еднострани и наметнати решенија во Собрание, особено не решенија кои му наштетуваат на политичкото претставување на Албанците во законодавниот дом“, истакна Артан Груби, пратеник на ДУИ.