Најмалку 2.000 британски пабови се затворени поради пандемијата

Илјадници британски пабови не ја преживеале пандемијата, според угостителското здружение, а на оние кои преживеале ќе им треба финансиска поддршка „со години да се опорават“.

„Многу пабови повторно ќе се отворат со големи долгови“, рече Дејв Маунтфорд од британскиот паб-форум за „Sky News“ во саботата.

Според извештајот, најмалку 2.000 пабови трајно ги затвориле вратите.

„Тие зедоа заеми, но овој бизнис не се опорави“, рече Маунтфорд. Тој додаде дека е нејасно во кој број луѓето ќе се враќаат во пабовите и се прашува дали луѓето се навикнати да пијат дома. „Да бидам искрен, тоа е прилично мрачна иднина’.

Пабовите беа затворени со месеци поради постојаниот карантин и претходно воведените регионални мерки. Терасите за пиво треба да се отворат во Англија од средината на април.