Во Хрватска 834 нови случаи и 20 починати од коронавирусот

Вкупно 834 нови случаи на инфекција со коронавирус се регистрирани во Хрватска во последните 24 часа, а 20 лица починале, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 6.922.

Меѓу нив има 982 пациенти на болничко лекување, а 90 пациенти се на респиратор.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 257.639 лица заразени со коронавирусот. Починати се 5.773 лица, а вкупно се опоравиле 244.944 лица, од кои 809 во последните 24 часа.

Во моментов има 22 914 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 1.475.016 лица, од кои 6.884 во последните 24 часа, пренесува Хина.