Се спојуваат два автомобилски гиганти Фиат Крајслер и Пежо

Автомобилските концерни Пежо и Фиат Крајслер се согласија за спојување вредно 50 милијарди американски долари. Фузијата треба да се заврши за 12 до 15 месеци, соопштија двете компании.

По повеќенеделни преговори, извршните тела на двете автомобилски компании го одобрија планираното мега-спојување. Во заедничкото соопштение на концерните се вели дека францускиот автомобилски производител Пежо ПСА и италијанско-американскиот автоконцерн Фиат-Крајслер ФЦА потпишаа договор за фузија со што ќе биде формиран четвртиот најголем произведувач на автомобили во светот,

Заштеди од близу 4 милијарди евра

Двете страни на крајот на октомври се договорија да водат официјални разговори за спојување, предизвикувајќи мешаница во автомобилската индустрија. Спојувањето допрва треба да биде одобрено од надлежните органи за заштита на пазарната конкуренција.

Новинастанатиот автомобилски гигант со над 400.000 вработени треба да остварува промет од речиси 170 милијарди евра и годишна продажба од 8,7 милиони возила, под марките Фијат, Алфа Ромео, Крајслер, Цитроен, Доџ, Џип, Ланча, Масерати, Опел, Пежо и Воксол.

Извор: ДВ