САД им испраќаат на Мексико и Канада четири милиони дози од АстраЗенека

САД имаат намера да испратат околу четири милиони дози од вакцината АстраЗенека во Мексико и Канада. Европската агенција за лекови (ЕМА) денес објави дека вакцината АстраЗенека е безбедна и ефикасна вакцина која не е поврзана со поголем ризик од тромбоемболизам, но како што тврдат, не може да се исклучи врската помеѓу овие случаи и вакцинацијата.

Повикувајќи се на неименуван извор од американската влада, агенцијата тврди дека Мексико ќе прими околу 2,5 милиони дози на вакцина, а Канада 1,5 милиони, бидејќи „вирусот не познава граници“ и САД сакаат да им помогнат на своите глобални партнери.

Вашингтон беше критикуван од неговите сојузници дека не споделува вакцини со нив, особено АстраЗенека, чија употреба е одобрена во други земји, но сè уште не е во САД.

АстраЗенека објави дека ќе има 30 милиони дози од вакцината произведени во САД и подготвени за употреба до почетокот на април.

Неколку часа пред изјавата на ЕМА, СЗО повторно повика на продолжување на вакцинацијата АстраЗенека.