Затворени компании во 2020 година – анализа на македонското стопанство

2020 година ќе биде одбележана по доста тешки моменти и полни со искушенија предизвици кои беа видливи во сите пори на општеството. Надежта дека во блиска иднина  ќе се соочиме со регулирање на кризата и пронаоѓање на лек го одржува претприемачкиот дух на високо ниво и токму еден таков ентузијазам може да придонесе за лечење на раните. Во контекст на претприемништвото, ќе направиме осврт на згаснатите компании во Македонија, во 2020 година, и нивна паралела со годината пред тоа. Само со споредување на одредени квантитативни податоци може да изведеме сериозни заклучоци каде се движи македонската економија, кои сектори биле не атрактивни за стопанствениците, во кој облик се јавуваат згаснатите компании и каква е нивната географска дисперзија.

Согласно податоците на Таргет Груп, експерти во областа на управување со деловни податоци, во 2020 година во Македонија згаснати се 6.213 правни лица. Таквата бројка е за 999 помала во однос на 2019 година. Од тука може да се заклучи дека кризната година влијаела позитивно врз одржување во живот на скоро 1.000 компании повеќе во споредба со 2019 година. Ако се земе во предвид фактот што најчесто компаниите вработуваат до 5 лица, може да резимираме дека најмалку 5.000 луѓе ја искористија шансата за задржување на работниот однос, а исто така во иста мера позитивниот ефект се одразува и врз националниот БДП и даночните приходи.

Од 22 сектори во кои се распределени компаниите, само во 8 сектори забележан е пораст на бројот на згаснати компании. Тука акцентот се става врз секторот Стручни, научни и технички дејности, Дејности на социјална и здравствена заштита и останати услужни дејности. Во ситуација кога државата воведуваше голем број на социјални ограничувања, затварање на одредени објекти, рестрикции за голем број на настани, со цел справување со Covid-19, сосема очекувани се и ваквите бројки.

Целиот текст прочитајте го на Пари.