Русковска: Обвинителството веројатно ќе отвори предмет, ако ниту еден орган не ги расчисти сомнежите за софтверот на Рашковски

Обвинителката Вилма Русковка во изјава за „Слободен печат“ истакна дека доколку ниту еден орган не преземе дејствија за расчистување на сомнежите за набавката на софтвер, поврзан со Драги Рашковски, Обвинителството за кое таа е задолжена веројатно ќе отвори предмет.

-Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција се органите што треба да откриваат сторители, тие се органи на прогон и ако решат да не постапуваат тоа ќе го сториме ние, додава Русковска, не сакајќи да ги коментира обвинувањата на опозиционерите за наводна блискост со поранешниот генерален секретар на Владата.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска минатата недела изјави дека ДКСК отворила предмет за набавка на софтверот од страна на поранешниот генерален секретар на Владата, Рашковски.