Во Бугарија 3.159 нови случаи на Ковид-19

Во Бугарија вчера се регистрирани 3.159 нови случаи со коронавирус. Оваа бројка е 18,4% позитивни примероци во 17.161 тестирања.

Најмногу нови случаи има во Софија, Бургас и Пловдив. Повеќе од 6.800 пациенти се хоспитализирани, од кои 506 се во единиците за интензивна нега. 102 починале, а 1.697 се опоравиле

12.214 лица биле вакцинирани во последните 24 часа, со што нивниот вкупен број изнесува 336.660.