Претседателот Стево Пендаровски во своето годишно обраќање пред пратениците, кое е прво по стапувањето на фукцијата, даде особен осврт за надминувањето на политичките, верските и етничките разлики, а порача и дека нема да бидат партиски претседател туку на сите граѓаните. Исто така кажа дека приоритет треба да бидат и добрососетските односи, и порача дека покрај посетите на Албанија и Србија ќе продолжи со и со посети на нашите останатите три балански соседи.
Во таа смисла, пред мене, но, и пред сите нас, стои огромна работа, бидејќи поделбите меѓу граѓаните се подлабоки од кога било. Ако порано и денес тоа одеше и оди по линија на етничката припадност, во последната деценија поделбите и меѓу Македонците драматично се продлабочија”, рече претседателот Пендаровски
Законите се носат за да им служат на граѓаните, а нивното постоење е беспредметно ако се неприменливи, рече Пендаровски.
„Во редица судски процеси не видовме завршница, некои од најголемите правни случаи застареа на очиглед на сите нас. Креаторот на режимот избега и од правдата и од државата и при тоа ниту една институција не кажа јавно како такво нешто воопшто беше возможно. Врв на лошите состојби беше аферата „Рекет“, во која се најде и првиот човек на СЈО, без малку три денцении сме независни а ниту еден политичар не заврши во затвор, а само сиромшите одговараат за багателни кривични дела. Затоа општа е перцепцијата кај граѓаните е дека правдата не е пристигната.
Фактот што по речиси три децении независност нема ниту еден висок политичар или преку ноќ збогатен бизнисмен не заврши за решетки, не зборува добро за отпорноста на нашиот правосуден систем од надворешни влијанија, оцени претседателот.
Погледнете го целосното годишно обраќање на претседателот Стево Пендаровски.
https://www.youtube.com/watch?v=d0_piG0IyT8&feature=youtu.be&t=191