Оштетени штедачи: Зошто вицепремиерот за борба против корупцијата молчи за „Еуростандард“ Банка

Зошто вицепремиерот за корупција и криминал Љупчо Николовски, не прозборува ниту збор за криминалот направен со „Еуростандард“? Штедачите, веќе освестени за ситуацијата сериозно го повикуваат да бара одговорност и да се појави пред се.

Како е можно десетици милиони евра да исчезнат од банката „преку ноќ“!? Како е воопшто возможно 73% од кредитното портфолио на правните лица во банката да биде пласирано во сомнителни и спорни кредити, од кои ниту една од 149 фирми не платиле ниту едена рата со години!? А за овие факти постојано слушаме разни месии од Народна банка дека тие направиле сѐ што можеле соодветно и навремено, а ние сепак сме биле покрадени, реагираат штедачите.

Една од оние која си ги повлече парите од банката е поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска. Каде е таа сега? Зошто ја нема никаде да се појави и да објасни зошто после нејзината елиминација од владата буквално исчезна? Дали Николовски разговара со неа на тема „Еуростандард“? Бројни прашања кои итно треба да се одговорат. Но фактот дека е молк, фрла дамка дека пропаѓањето на „Еуростандард“ е далеку од наивно сценарио од тоа што изгледа.

Не ни украдоа 50 евра, туку вртоглави 60 милиони евра преку органиизиран и толериран масовен повеќегодишен грабеж на депозити. Директно урнисаа околу 3.000 семејства, граѓани и фирми депоненти на банката. Во организираниот криминал и корупција се вклучени од раководните лица на Еуростандард банка, гувернерката и нејзиниот прв тим од Народна банка, па до поединци и сопственици на избрани фирми каде завршиле и преку кои се поделиле нашите пари, реагираат штедачите.

Над 700 луѓе и 2.000 фирми не добија целосно обесштетување по пропаста на банката.