7 работи што треба да ги направите наутро за повеќе енергија во текот на денот

Навиките за добро утро можат да ви помогнат да бидете поенергични по будењето и да го олесните извршувањето на обврските што ве очекуваат тој ден. Овие седум едноставни чекори можат да ви помогнат да го направите токму тоа.

Вдишете десет пати

Стресот може да има различни ефекти врз телото, а едно од нив е и намалување на енергијата. Експертите затоа ве советуваат денот да го започнете со неколку длабоки вдишувања. Затворете ги очите, фокусирајте се и длабоко вдишете десет пати.

Пијте многу течности

Водата не само што помага во хидрирање на организмот, туку може да ја зголеми и енергијата, така што многу нутриционисти препорачуваат да пиете по една чаша вода секое утро. Водата помага кислородот да се движи низ целото тело и затоа на крајот ќе имате и повеќе енергија. Понатаму, дехидрираните луѓе често се чувствуваат летаргично и уморно. Затоа, пијте многу течности. Покрај вода, можете да пиете и чај или кафе.

Раздвижете се

Вежбањето ја зголемува енергијата, ја подобрува концентрацијата што ќе ве направи повеќе подготвени да ги исполните своите обврски. Истражувањата исто така сугерираат дека луѓето кои вежбаат наутро се генерално поактивни и во текот на денот. Не мора да биде интензивно вежбање, можете само да прошетате малку.

Јадете доволно

Препорачливо е да јадете оброк богат со протеини и здрави масти наутро бидејќи тоа ќе ви помогне да ја одржувате енергијата во текот на утрото. Луѓето обично гладуваат на секои три до четири часа. Затоа, ако сте ранобудник, може да имате неколку оброци наутро. Слушајте го вашето тело и така тоа ќе ја рефлектира и вашата енергија.

Обрнете внимание на внесот на шеќер

Шеќерот може да влијае на нивото на енергија наутро. Ако внесете премногу шеќер, вашето тело ќе произведе големи количини на инсулин, што на крајот ќе ве направи уморни, гладни и ќе имате уште поголема желба за слатки. Ова не значи дека треба целосно да го исфрлите шеќерот од вашата исхрана, но треба да избегнувате храна богата со додаден шеќер наутро.

Игнорирај го телефонот
Ако првото нешто што го правите по будењето е да посегнете по вашиот мобилен телефон, тоа значи да дозволите некој или нешто друго да ги диктира вашите први утрински мисли. Треба да поставите некои граници. Затоа, кога ќе се разбудите, веднаш не прегледувајте социјални мрежи или е-пошта.

Одвојте време за себе

Она што е добро за една личност, не може да биде добро за друга. Затоа, одвојте време да откриете што е добро за вас и за вашето тело. Променете ги малку утринските навики и можете да започнете со една навика. Со текот на времето, ќе откриете кои навики се добри за вас, пишува Huff post.