Пред еден час беа евакуирани сите ученици и наставници од Средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје.
Ученците стоеле пред училишниот објект и единствено им било дозволено да си ги земат своите ранци и јакни, но не добиле информации зошто е направена евауацијата. По час и половина надвор, наставата продолжи во училниците.
Од МВР засега не сакаат да ја коментираат евакуацијата во училиштето, но велат дека во овој рeон полиција работи на испитување на дојава за рачна бомба, поставена на паркингот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.