Американскиот Сенат усвои пакет финансиски мерки од 1.9 милијарди долари

Американскиот Сенат усвои пакет финансиски мерки во рамките на борбата против епидемијата на коронавирусoт во износ од 1,9 милијарди долари, по неколку последователни измени на предлогот со цел да се обезбедат гласовите на сите демократски сенатори.

Според Гласот на Америка, усвојувањето на законот го носи американскиот претседател Џозеф Бајден на чекор до првиот голем законодавен успех. Мерките сега ќе бидат испратени до Претставничкиот дом за дополнително гласање.

50 демократи гласаа за законот, додека сите 49 републиканци беа против.

Пред да биде усвоен пакетот за помош, демократите и републиканците со часови дебатираа за спротивставени предлози за зголемување на неделните бенефиции за невработените погодени од епидемијата.

За да го добијат потребниот глас на умерениот демократ Џо Манчино, демократите ја намалија предложената сума од 400 долари неделно на 300 американски долари неделно и воведоа даночен кредит за повеќето луѓе кои добиваат надоместоци за невработеност.

Белата куќа соопшти дека Бајден поддржува компромисно решение.