Реал повеќе не може да го чека и му постави ултиматум на Рамос

Сагата околу иднината на Серхио Рамос мора да заврши до крајот на месецот, одлучија од Реал Мадрид.

Се чини дека претседателот Флорентино Перез го загубил трпението и му поставил ултиматум на капитенот да донесе одлука.

Рамос на маса има понуда за продолжување на договорот, а „Марка“ пренесува дека краен рок за потпис е крајот на месец март.

Изминатите денови двете страни имаа неколку состаноци, а последната понуда на Реал е договор на една година со опција за уште една година.

Реал сака да има јасен одговор што побрзо за да знае како да делува на трансфер пазарот и да има време да ангажира нов стопер идното лето.