Николас Кејџ се ожени по петти пат со 30 години помлада од него

Актерот Николас Кејџ (56) се ожени по петти пат на церемонија во Лас Вегас.

Веста за венчавката на холивудскиот актер со Јапонката Рик Шибате пристигнува само две години откако на истото место рече дека „невестата ќе му земе половина од неговиот имот“, додека по четврти пат се женеше со шминкерката Ерико Коике.

Откако го поништи бракот, Николас Кејџ влезе во врска со Рико, која е 30 години помлада од него, а потоа се ожени во капела во Лас Вегас, на церемонијата на која присуствуваше неговата поранешна сопруга, трета по ред, Алис Ким и нивниот син Кал-Ел.

Николас Кејџ од врската со колешката Кристина Фултон има уште еден син, Вестон, кој е 4 години постар од сегашната маќеа.

Актерот беше оженет со неговата колешка Патриша Аркет, ќерка на Елвис Пристли, Луис Мари, Алис Ким и Ерико Коике, но тој го поништи тој брак по 4 дена.