Во Србија пристигнаа уште 500.000 кинески вакцини

Уште 500.000 вакцини од кинескиот Синофарм пристигнаа на белградскиот аеродром, а пратката ја прими претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тој на својот профил на Инстаграм преку видео порака објави дека „пристигнал надвор од протоколот“ на аеродромот и добил авион со вакцини.

„Ова зад мене е нашиот најголем авион кој достави 500.000 нови кинески вакцини на „Синофарм“. И дојдов уште еднаш да им изразам почит и благодарност на кинескиот претседател и кинескиот народот“, рече Вучиќ.

Тој рече дека Србија има 2.620.000 дози вакцини и дека се договорени 13.350.000 вакцини.

„Ги повикувам луѓето да се вакцинираат, да спасуваат животи и да се борат за нашата Србија. Благодарен сум на Кина и горд сум на Србија“, рече Вучиќ.