Работи што не би ги правела една докторка за време на пандемијата

Серија совети за однесување за време на пандемијата на коронавирусот објави Д-р Дебора Ли.

Таа рече дека се придржува до ограничувачките мерки за време на пандемијата, а исто така објави и што не би направила за време на пандемијата.

1. Не би одела на патување

Колку и да ви изгледа примамливо, патувањето во моментот е полно со потенцијални проблеми. Прво, несомнено е дека ризикот од инфекција со коронавирусот е најмал ако останете дома. Исто така, се советува сите ризични групи, кои вклучуваат стари лица и лица со хронични болести, да се воздржат од патувања што не се потребни, пишува Eat This.

2. Не би одела во кафуле или ноќен клуб

Едно од најризичните места каде што можете да одите се кафулињата и ноќните клубови, вели овој лекар. „Одењето во кафуле е целосна спротивност на социјалното дистанцирање. Тоа значи да одите долго време во затворени простории и да бидете опкружени со многу луѓе, кои не се од вашето домаќинство“, вели Ли.

3. Не би одела во теретана

Иако е парадоксално, бидејќи сите сакаме да бидеме во форма и да вежбаме повеќе и да ослабнеме, најлошите места што можете да ги посетите се затворени спортски сали, рече лекарот. „Кога одите во теретана, ја споделувате целата опрема со сите други клиенти на таа сала. И покрај тоа што сметате дека опремата за вежбање е доволно одделена една од друга, кога ќе почнете да вежбате, вашето дишење станува подлабоко и побрзо, а топлиот и влажен воздух во салата е многу погоден за ширење на вирусот“, рече Ли.

4. Не би одела во центри за танцување

И танцувањето е активност што значи висок ризик од инфекција со коронавирус, рече лекарот.

5. Не би отишла во ординацијата на докторот, освен ако не е апсолутно потребно

Токму поради големата концентрација на лица заразени со коронавирус кои одат во болница, овој лекар советува сè што може да се направи со матичен лекар да се реши по телефон и да се вршат само оние многу потребни прегледи.

„Мислам дека пандемијата предизвика незамислив и неопислив стрес во животот на многу луѓе, но имаше и добри работи, како што е тоа што нè научи да забавиме и да бидеме по љубезни, ни откри дека треба да бидеме задоволни со едноставни работи во животот и да се фокусираме на работите што ги сакаме. Некако ќе се извлечеме од ова и можно е сето ова да трае уште 18 месеци “, рече Ли.