(ВИДЕО) Снимки од дрон ја покажаа штетата која ја предизвика земјотресот во Грција, срушени згради и куќи

Вчера областа Лариса беше погодена од силен земјотрес од 6.3 степени по рихтер, но и денес тлото не мирува. Според најновите информации и утрово силен земјотрес ги вознемири жителите на ова место, а истиот бил со јачина од 4.6 степени по рихтер.

На социјалните мрежи кружат и видеа направени во текот на вчерашниот ден, а на истите од дрон се гледа како градот се соочува со многу срушени згради и домови кои се буквално срамнети со земја.