Ќе позајмиме 700 милиони евра за да вратиме 500 милиони стари долгови

Државата ќе се задолжи со 700 милиони евра, за да врати заем од 500-милиони евра,но и за покривање на дел од буџетскиот дефицит.

„Ќе се изврши отплата на надворешниот долг, односно на еврообврзницата издадена во 2014 година, која доспева за враќање годинава. Остатокот ќе се искористи за финансирање на дел од буџетскиот дефицит“, информираат од Министерството за финасии.

Тие потенцираат дека сега каматата е пониска.

„Како што беше наведено и при донесувањето на Буџетот за 2021 година, со средствата обезбедени од емисијата на оваа еврообврзница ќе се изврши отплата на надворешниот долг, односно на еврообврзницата издадена во 2014 година која доспева за враќање годинава. Остатокот ќе се искористи за финансирање на дел од буџетскиот дефицит. Еврообврзницата од 2014 година е во износ од 500 милиони евра и беше издадена по каматна стапка од 3,975 проценти, што значи дека сега каматата е за 2,35 процентни поени пониска“, информираат од Министерството за финансии.

Инаку, земјава претходно има седум пати излезено на меѓународниот пазар на капитал со еврообврзници. Последните две се на највисок износ – од 700 милиони евра.