Германија делумно ги олабавува мерките и најави бесплатен тест за секој граѓанин

Германските власти се согласија да ги продолжат мерки за затворање до 28 март, но дозволија и делумно отворање во зависност од состојбите во секој регион. Како што рече премиерот на Баварија, Маркус Содер, тие се „комплицирани, но нема простор за толкување“.

Од понеделник (8 март) ќе им биде дозволено на луѓето од едно домаќинство да се сретнат со пет лица од друго домаќинство наспроти досегашните ограничување за средба со само едно лице од друго домаќинство.

Доколку во одреден регион седум дена по ред бројот на нови случаи е помал од 35 на 100 000 жители, тогаш Германците ќе може да се среќаваат со луѓе од две семејства односно максимум 10 лица.

Во однос на бизнисите, условите за постепено отворање предвидуваат отворање на продавниците доколку инциденцата на нови случаи е по 50 на 100 000 жители. Во спротивно, ќе биде дозволено само купување преку Интернет со можност граѓаните сами да ги подигаат продуктите од продавница.

Рестораните и кафулињата, пак, ќе можат да примаат гости на терасите доколку бројот на нови случаи во регионот во последните 14 дена е под 50 на 100 000 жители. Слични услови има и за отворањето зоолошките градини, ботаничките градини, музеите.