Министерот за здравство Венко Филипче, синоќа учествуваше на панел дискусија на тема „Рак на дојка – третман и психотерапија“, во организација на Форумот на жени на СДСМ на ОО Велес.
„Владата предводена од СДСМ спроведува мерки и активности за подобрување на здравјето и животот на пациентите со рак на дојка. Набавивме нови 30 молекули биолошка терапија, сите пациенти со рак на дојка го имаат потребниот лек. Терапијата е достапна за сите пациенти на кои им е неопходна. Не е како порано, оваа терапија да биде достапна само за ограничен број пациенти“, истакна Филипче.
Пред присутните тој информираше дека за првпат е обезбедена и психолошка поддршка за онколошките пациенти, што претставува едно од најважните сегменти за успешно лекување на болестите.
Филипче, посочи дека е воведена новина за двојно читање на мамографските слики. Тој појасни дека мамографските снимки за рано откривање на рак на дојка се независно анализирани од двајца радиолози, кои имаат искуство на читање вакви снимки од минимум 800 пациентки.