(ВИДЕО) Девојче висеше на работ од балконот на 12-ти кат, па следуваше вистинска драма

Доставувачот (31) од Виетнам седел во неговиот камион и чекал да го достави пакетот, не сфаќајќи дека неколку минути подоцна ќе биде актер во вистинска драма. Имено, чекајќи да ја изврши испораката, во еден момент погледнал во зградата и видел девојче како виси од работ на балконот на 12-ти кат.

Тој инстинктивно и веднаш излета од автомобилот, обидувајќи се да најде начин да го спаси детето кое во секој момент можело да падне. Проценувајќи ја ситуацијата, мажот се искачил до крошна во долниот дел од зградата, под местото каде што девојчето се обидувало да ја одржи рамнотежата.

Не успеа во тоа, па во еден момент започна да паѓа кон улицата. За среќа, мажот успеал да ја фати во вистински момент и таа паднала право во неговите прегратки.

На видеото што се појави на социјалните мрежи, можете да го видите целиот ужас од она што можеше да се случи и може да се слушнат врисоците на луѓето што го гледале и не можеле да му помогнат.

Кога ја фатил девојчето, сфатил дека од устата истекува крв и веднаш повикал брза помош, која ја сместила во болницата.