Македонскиот репрезентативец, Езџан Алијоски најверојатно ќе го напушти Лидс Јунајтед. Според британските медиуми, тој е најблизу до трансфер во Галатасарај.
Договорот на Алиоски со премиер-лигашот истекува на крајот на сезоната, а како што пишува „British press“ нема да ја продолжи соработката. Македонскиот репрезентативец сака нова авантура, нов предизвик во својата кариера. Најблизу до неговите услуги е токму турскиот гигант.
Нашиот фудбалер во дресот на Лидс одигра 26 меча и постигна три гола, во англискиот тим дојде во 2017 година од Лугано за 2,5 милиони евра.
Извор: Sportmedia