Ибрахимовиќ: Јас тренер? Невозможно е би удирал најмалку двајца играчи секој натпревар

Искусниот Златан Ибрахимовиќ има договор со Милан до крајот на сезоната и не е познато дали и после тоа ќе остане на „Сан Сиро“.

Швеѓанецот минатото лето одлучи да потпише нов едногодишен договор, но свесен е дека неговата кариера се ближи кон крајот. Се уште не е познато какви планови има Ибрахимовиќ за во иднина, но изгледа дека сигурно нема да го гледаме во тренерските води кога ќе одлучи да се пензионира.

„Да бидам тренер? Тоа е невозможно. Во текот на натпреварот би удрил најмалку двајца фудбалери. Ќе се обидам да останам во фудбалот, но тренерската работа едноставно не е за мене“, изјави Ибрахимовиќ.