Ранет полициски службеник кај кружниот тек во Ѓорче Петров

Попладнево кај кружниот тек во населбата Ѓорче Петров во близина на црквата Свети Петар и павле од лице кое се наоѓале во возило марка Голф било пукано кон возило марка Мерцедес во кое се наоѓал полициски службеник.

Според првичните информации полицаецот се здобил со повреди во нога по што бил префрлен во Градската општа болница „8-ми септември“ за укажување на лекарска помош.

МВР работи на целосно расчистување на случајот.