Димовски: Ние сега ќе попишуваме и луѓе кои 10 години не живеат во Македонија

Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски за емисијата „Топ тема“ остакна дека за првпат во модерните земји ќе има попис на ваков начин, односно дијаспората да се попише со апликација. Стандардите на Евростат и на ОН се дека се попишуваат резидентното население, кое што во последните 12 месеци, престојувало на земјата.

Тој истакна дека ние сега ќе попишуваме и луѓе кои 10 години не живеат во Македонија.

„Ќе имаме попишани луѓе во Виена, Цирих, Берлин, Берн итн, кои што во исто време ќе се попишуваат и во нивните матични држави, односно на две места. Тоа е еден од двата суштински проблеми, со овој попис“, смета Димовски.