По заканите од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе ја затвори базата каде се наоѓаат американскиот нуклеарни глави, американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави дека има намера да разговара со турскиот колега за да разбере колку е сериозен турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со заканите дека ќе ја затвори базата на Воздухопловните сили, Инџирлик, во која се наоѓаат американски нуклеарки.
Предупредувањето на Ердоган во неделата, дека може да затвори стратешки важна база, користена во нападите врз вооружените сили на Исламската држава, е како одговор на резолуцијата на американскиот Сенат за масакрот на Ерменците во минатиот век.
САД со децении чуваат нуклеарно оружје во Турција, како наследство од Студената војна со поранешниот Советски сојуз.
Ердоган исто така рече дека Турција може да ја затвори и базата Куречик со радарен систем, користен од силите на НАТО.
Еспер рече дека ако Турција е сериозна во врска со затворањето на Куретик, треба да се разговара во НАТО.