Србите од Косово со автобуси на вакцинирање во Србија

Вакцините сè уште официјално не пристигнале на Косово, а директорот на Националниот институт за јавно здравје на Косово, Насер Рамадани на прес-конференција рече дека првите вакцини се очекуваат наскоро, без да прецизира кога и дека обуката на медицинскиот персонал продолжува.

Сепак, Србите од централно и северно Косово, не сакајќи да ја чекаат нарачаната вакцина Астра Зенека, ја прифатија поканата на татковината Србија и во голем број со автобуси заминаа на вакцинација кон Куршумлија и Врање.