САД донирше автоматски пушки на АРМ во вредност од 1,2 американски долари

САД донираше 1269 автоматски пушки М-4, во вредност од 1,2 милион американски долари, на АРМ за поддршка на развојот на лесната пешадиска баталјонска група.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која ја прими донацијата од амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз во касарната во Ѓорче Петров, истакна дека станува збор за дел од поголем проект што го финансира владата на САД која ја помага модернизација и опремувањето на нашите армиски сили.

-Со овој дел опрема, обезбедуваме над 1200 М-4 автоматски пушки, со калибар 5.56, кој е стандард на земјите членки на НАТО и ја продолжува нашата конверзија од стариот во новиот стандард. Со оваа опрема дополнително, освен специјалните сили, коишто и досега добија пушки од овој тип, ќе обезбв целосно опремување на нашата лесна пешадија, која не е само македонска единица, туку е веќе и НАТО-единица и која ја подготвуваме за првото НАТО-оценување во 2022 година, рече Шекеринска, посочувајќи дека ова е дел од опремата што ја добиваме, а вкупниот број на вакви автоматски пушки е над две илјади, дополнително со обзбедена заштитна опрема за војниците.

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз изјави дека со оваа донација се докажува ширината на американската соработка и дека САД ќе продолжат да бидат стратешки партнер во активностите за модернизирање на македонската Армија.