Заев: Поддршка за Шилегов за нов мандат за Скопје

Премиерот Зоран Заев, денеска искажа поддршка за Петре Шилегов доколку актуелниот градоначалник на Скопје се реши да се кандидира за нов мандат.

Меѓутоа Заев додаде дека кандидатурата мора да ги помине сите партиски филтри.

„Тој е мојот омилен градоначалник на Градот Скопје. Не сум го прашал дали ќе се кандидира, се надевам дека ќе го стори тоа“, потенцираше Заев на денешната прес-конференција за време на презентација на проектот за реновирање на Универзалната сала.