Ѓоковиќ го стигна Федерер, со 310 недели на врвот на АТП листата

Светскиот рекет бр. 1, Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 310-тата недела на врвот на АТП листата. Со ова, Ноле го израмни рекордот на Рожер Федерер, кој досега беше неприкосновен со 310 недели поминати како лидер на АТП листата.

За седум дена, поточно на 8 март, Ѓоковиќ официјално ќе го прескокне Федерер и ќе стане нов рекордер. Ѓоковиќ за првпат на врвот на АТЛ листата се искачи со 24-годишна возраст на 4 јули 2011 година. Потоа остана на првото место 122 недели, што е негова најдобра серија.