(ВИДЕО) Милан победи на дербито во Рим, но се повредија три клучни играчи

Милан ја оствари десеттата победа на гостински терен оваа сезона во Серија А, откако вечерва успеа да освои навистина големи три бода во дерби пресметката во домашното првенство.

„Росонерите“ покажаа доминација, пресинг, шанси и сè друго за што беа фалени, па по четири натпревари без триумф, конечно запишаа славје. Милан поведе преку голот на Кеси од пенал, израмни Верету на стартот од продолжението, а победата ја потврди Ребиќ. Мора да се напомене дека ова дерби изобилуваше со шанси, одлична игра и дури три оправдано поништени голови.

Она што е негативно по Милан е што се повредија три клучни играчи.