Регистрирани се 305 нови случаи, починати 11 лица

Во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 153

-Кавадарци 30

-Куманово 22

-Прилеп 21

-Тетово 18

-Неготино 14

-Охрид 11

-Гостивар и Гевгелија – по 6

-Струга 5

-Штип и Битола – по 4

-Ресен 3

-Велес и Делчево – по 2

-Струмица, Кичево, Богданци и Демир Капија – по 1

Пријавени се вкупно 11 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (79г,72г,67г,57г),  3 пациенти од Прилеп  (79г,71,70), 2 пациенти од Гевгелија (85г,71г), и по еден пациент од Куманово (77г) и Битола (80г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 167 оздравени пациенти од:

-Скопје 71

-Прилеп 26

-Велес 10

-Куманово и Струмица – по 6

-Штип и Битола – по 5

-Тетово и Гостивар – по 4

-Кавадарци, Делчево и Кичево – по 3

-Гевгелија, Богданци, Кочани, Пробиштип, Виница и Кратово – по 2

-Неготино, Охрид, Ресен, Крива Паланка, Радовиш, Валандово, Крушево, Демир Хисар и Дојран – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 522.518 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.787, бројката на оздравени пациенти е 91.233, на починати е 3.137, а бројот на активни случаи изнесува 8.417.