Се вакцинираше и Виктор Орбан, ја прими кинеската вакцина

Унгарија пред неколку дена стана првата земја-членка на ЕУ која започна имунизација со кинеската вакцина. Земјата, исто така, прва во Унијата ја набави и руската вакцина „Спутник В“

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска се вакцинираше против коронавирусот со вакцината која ја разви кинеската компанија „Синофарм“.

„Вакциниран“, објави Орбан на својот фејсбук-профил, заедно со фотографии и видео од вакцинирањето.