Ова се главните стратешки цели на Комерцијална банка АД Скопје

Според Изјавата за политиката на Комерцијална банка АД Скопје, Банката ќе го врши своето работење врз основа на цврсти банкарски принципи и ќе ги преземе потребните чекори што ќе обезбедат максимална добивка на акционерите на долг рок.

Главните стратешки цели на Комерцијална банка АД Скопје и во следниот период ќе бидат:

  • Комерцијална банка ќе продолжи да се развива како водечка, независна, приватна банка која работи на целата територија на Република С. Македонија;
  • Комерцијална банка ќе се стреми да биде универзална банка што ќе овозможи да ја зајакне својата веќе стекната позиција во банкарскиот сектор;
  • Комерцијална банка ќе се стреми да ги достигне највисоките стандарди при пружање на внимателно одбраните производи и услуги на своите клиенти;
  • Комерцијална банка постојано ќе се стреми да ги усогласува своите политики и постапки за работење со најдобра меѓународна банкарска пракса.

Извор: Пари