Со една изјава Ворен Бафет ја намали вредноста на Apple Inc за цели 4%

Акциите на „ Apple Inc “ минатата недела паднаа за четири проценти, по информациите откриени од Ворен Бафет.

Неговата компанија Беркшир Хатавеј откри дека донекаде ја намалила изложеноста на акциите на „ Apple Inc “. Сепак, во портфолиото сè уште има дури 887 милиони акции на „ Apple Inc “, кои во моментов вредат 115 милијарди долари на пазарот.

Во исто време, неговата финансиска холдинг компанија Беркшир Хатавеј има двојно зголемен удел во „ Verizon “ (купи акции во вредност од 8,6 милијарди долари), а исто така се обложува и на растот на акциите на „Шеврон“, бидејќи влезе со удел од 4,1 милијарди долари.

А, што продаваше Бафет во последно време? Особено акциите на фармацевтскиот концерн Pfizer и банките JP Morgan Chase и Wells Fargo, пренесува порталот SEEbiz.