Се зголемува бројот на новозаразени, регистрирани се 721 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов случаj на ковид-19 во:

-Скопје 334

-Прилеп 56

-Кавадарци 52

-Неготино 34

-Велес 26

-Охрид 24

-Битола 23

-Куманово 22

-Тетово 18

-Струмица 16

-Гевгелија 15

-Крива Паланка 14

-Гостивар 13

-Струга 10

-Богданци 9

-Кичево и Делчево – по 8

-Крушево 7

-Штип 6

-Кочани и Ресен – по 5

-Свети Николе 3

-Дебар, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово – по 2

-Берово, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (68г,81г) и по еден пациент од Тетово (49г), Прилеп  (73г), Струмица (76г), Кочани (72г) и Делчево (43г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 171 оздравени пациенти од:

-Скопје 71

-Кавадарци 20

-Прилеп 18

-Куманово 14

-Тетово 12

-Велес 6

-Кочани 5

-Гевгелија и Битола – по 4

-Штип, Струмица и Неготино  – по 3

-Гостивар и Кратово – по 2

-Ресен, Охрид, Делчево и Валандово – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 519.985 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.482, бројката на оздравени пациенти е 91.066, на починати е 3.126, а бројот на активни случаи изнесува 8.290.