Од понеделник започнува првата фаза на пописот, со попишување на дијаспората

Од понеделник 1ви март, на еден месец пред официјалниот старт на пописот, ќе се самопопишува дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомните лица.

На апликацијата ќе биде достапна на веб страницата на ДЗС ќе може да се пристапи само од странство. Граѓаните ќе може да се најават само со е-маил адреса, а безбедноста на податоците тврди првиот човек на статистика Апостол Симовски е загарантирана.

За информирање на дијаспората ќе се вклучи и МНР. Министерот Османи веќе разговарал со сите амбасадори за да се информираат нашите иселеници. Според него пописот е клучен за планирање на политиките поврзани со дијаспората.

Македонските државјани кои повеќе од 12 месеци се во странство ќе влезат во нерезидентното население кое со резидентното население ќе го дадат збирот на вкупното попишано население. Теренски пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април.