Гвардиола: Не бев саркастичен, што мислите како Манчестер, Барселона или Реал Мадрид доминираат?

Гвардиола тврди дека не бил саркастичен кога кажал дека парите се причината за успехот на Манчестер Сити, вели дека Манчестер јнајтед, Барселона и Реал Мадрид доминирале зошто трошеле повеќе од другите.

„Граѓаните“ имаат серија од 19 победи во сите натпреварувања, па по триумфот против Борусија Менхенгладбах, Пеп Гвардиола беше запрашан која е тајната на успехот.

Шпанецот изненади со одговорот и рече дека имаат многу пари и можат да купат кого сакаат.

Многумина веруваа дека изјавата е саркастична, но Пеп Гвардиола и денеска го повтори истото, парите се причина за успехот.

„За да ги забележиме успесите кои Манчестер Сити ги забележа во последните четири години, многу победи и многу трофеи, морате да имате топ фудбалери. Можете да освоите една титула со просечни фудбалери, но за освоите многу титули, треба да имате топ фудбалери и топ фудбалерите чинат многу пари“, вели тренерот на Мачестер Сити.