(ВИДЕО) Леброн му одговори на Ибрахимовиќ за мешањето во политиката

Златан Ибрахимовиќ го искритикива неговиот омилен кошаркар Леброн Џејмс дека премногу сака да коментира за политика и дека секој треба да го прави тоа што најдобро го знае, без да се меша таму каде што не му е место, па сега дојде и одговор од Американецот.

„Никогаш нема да престанам да критикувам нешто ако мислам дека е погрешно. Се борам за еднаквост и социјална правда, против расизмот и против другите негативности во нашето општество. Смешно е да се слушне тоа што го кажал Златан, бидејќи во 2018 година кога тој се врати во Шведска, зборуваше за истите работи, дека поради неговото име, бил мета на расизам во родната земја. И јас зборувам за истите работи“, изјави Џејмс.