Нови рестрикитвни мерки во Србија: Kафулињата и рестораните викендов ќе работат до 14 часот

Српските власти ги заоструваат мерките. Кафулињата и рестораните, како и трговските центри во Србија за време на викендот ќе работат до 14 часот, одлучил денес Кризниот штаб.

Продавниците, медицинските ординации, ветеринарните ординации како и лабораториите ќе работат како и досега. Со стандардно работно време продолжуваат и  фризерските и козметичките салони како и фирмите за достава на храна. Зимските центри на Копаоник ќе функционираат како и досега, а во 14 часот ќе се затворат само угостителските објекти.

Во бензинските пумпи ќе може да се купува и послужува до 14 часот, а потоа ќе може само да се точи гориво.

Во Србија во последните 24 часа се регистрирани 3.339 позитивни од 14.128 тестови, а починале 16 лица. Вкупно досега заразени се 452.240, а починаа 4.141.