Народна банка привремено ја забрани исплатата на дивиденда на банките

Советот на Народната банка одлучи денеска привремено да ја ограничи распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките. Оваа одлука се однесува и на штедилниците, соопшти Народната банка.

Како што е соопштено од НБ, одлуката е донесена поради неизвесноста од коронакризата. Мерката е времена и е превентивна, со цел натамошно зголемување на отпорноста на банкарскиот систем и одржување на стабилноста, во услови на неизвесност околу понатамошниот тек на здравствената криза.

Советот инаку оценува дека како и  во изминатиот период така и последните податоци покажуваат дека  банкарскиот систем успешно ја одржува својата стабилност, при што кредитите и натаму растат, а капиталните позиции на банките се стабилни.

Одлуката ќе до крајот на оваа година, а Народната банка, најдоцна до 30 септември, повторно ќе ги оцени околностите со пандемијата поради кои е донесена одлуката. Во зависност од оцената, Народната банка може предвремено да го укине ограничувањето од оваа одлука.