Ескалираше ситуацијата на протестите за „Монструм“, нападната новинарска екипа 

Полицијата го растури протестот против пресудата за случајот „Монструм“ откако поединци од толпата почнаа да фрлаат камења кон полицијата. Во моментов кордонот и оклопните возила ги потиснаа демонстрантите кон Бит пазар, а употребија и шок бомби.

Поединци од протестот се обидуваа да предизвикаат инциденти. Екипата на МИА беше нападната на протестот, по што привремено беше прекинат преносот во живо.