Јанушев: Зошто СДСМ се плаши опозицијата да предложи јавен обвинител

Во синоќешната емисија на ТВ Телма „Топ Тема“ генералниот секретар на ВМРО- ДПМНЕ, Игор Јанушев кажа дека ВМРО-ДПМНЕ активно се спрема за избори и дека не размислува за одложување на истите иако имаше во медиумите изјави од претседателот Пендаровски дека е можно нивно одложување.

Јанушев истакна дека избори ќе има и дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи на истите.

Во однос на кадровските прашања и предлозите за кандидати за министри и заменици во техничката Влада, тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ дополнително ќе ги открие имињата, имињата на кандидатите се знаат во партијат и треба да поминат пред изборните органи, но истакна дека тој нема да биде дел од техничката влада, бидејќи ќе раководи со Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително Јанушев кажа дека програмата на ВМРО ДПМНЕ се базира на три столба а тоа прво владеење на правото и нулта корупција, второ целосна дигитализација на општеството и третиот столб економијата и економски политики.

– Од приоритетите два конкретни предлози дадовме, кои што за жал СДСМ и Заев не ги прифаќаат бидејќи не им одговараат, а тоа е буквално забрана за секој кој што е амнестиран односно аболиран да се бави со политика и вториот предлог кој што беше во насока да се провери потеклото на имот буквално на сите кои што се занимаваат со политика, посочи Јанушев.

Во врска со законот за јавнообвинителска служба и за законот за академија на судии и јавни обвинители, посочи дека не може превземањето на вработените од СЈО да биде на начин на којшто СДСМ сака да го направи. Не може некој кој сега е во специјалното јавно обинителство да бил на работно место соработник дирекно да биде унапреден за 2- 3 скалила.

Предлогот е опозицијата да го предлага обвинителот за организиран криминал. Не знам од што се плаши СДСМ во врска со ова. За неколку месеци ќе биде опозиција еве ние им предложивме да биде тоа со одложно дејство, истакна Јанушев

Тој во своето гостување запраша до каде се истрагите за Рекет 1, Рекет 2, Вирус, Кеш и зошто обвинителството до сега не успеа да увиди колкав износ се исплаќало на вработените во СЈО, на роднините на Катица Јанева, на другарите на синот на Јанева и слично.

-Зошто не се отвори постапка за М-НАВ, за хеликоптерите, зошто не отворија постапки и не истражуваа за прислушувањето во судовите и во самото обвинителство. Многу работи се најавени а никој не излезе да покрене истрага и сега треба тие кои не си ја работат работата, за што зимаат плата ние тоа треба да го поддржиме, додаде тој.