77 пензионери во државата имаат пензија од 54.335 денари

Во јануари, оваа година имало 272 пензионери со пензија над 52.455 денари. 77 пензионери го зеле највисокиот износ од 54.335 денари, покажуваат последните податоци на Фондот за пензиско. Или вкупно 1.313 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 40.067 до 54.335 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 894 се со пензија од 41.739 денари.

Вкупниот број на пензионери пак се зголемил на 323.503 лица додека просечната пензија во јануари изнесувала 15.650 денари.

Најнизок износ на пензија зеле 78.023 пензионери, од кои 60.651 пензионери за остварено право од 01.01.2002 година до денешен датум. Останатите 17.372 се за оставрено право до 1996 и за периодот 1997 – 2002 година. Најнискиот износ на пензија за најголемата група на корисници на ова право се движи од 9.868 денари до 12.649 денари, во зависност од групата на која што припаѓаат.

Прочитајте повеќе на Пари.