Таткото на голманот на Ливерпул, Алисон Бекер се удави

Таткото на голманот на Ливерпул, Алисон Бекер трагично го загуби животот во Бразил.

Жозе Агостино Бекер се нурнал во реката Камача на местото Лаврас до Сул и повеќе не излегол на површината. Потрагата по него започна веднаш. За жал набрзо било пронајдено неговото тело и ова секако е голема трагедија за голманот на Ливерпул и неговото семејство.

Таткото на Алисон имаше 57 години и беше приврзан за својот син, сигурно дека Алисон тешко ќе го поднесе неговото прерано заминување.

Бразилските тимови изразуваат сочуство до Алисон и неговиот брат Муриел кој брани за Фламиненсе.