Мијалков се појави пред Обвинителството: „Јас никогаш нема да побегнам“

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков самиот се предаде во Обвинителството. Пред да влезе во обвинителството, тој за Телевизија 24 кажа дека вчера бил изолиран, бил болен со температура над 40 степени, со симптоми на Ковид-19 и немал намера да бега. Како што самиот кажа пристигнал во Обвинителството за да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд.

„Сакам да ја искористам оваа прилика на целата македонска јавност поради целата ситуација и уште еднаш јавно да потврдам дека јас никогаш нема да побегнам. Оној што ме познава знае дека јас кога ќе дадам збор јас не го погазувам. Јас јавно дадов збор дека нема да побегнам никогаш“, кажа Мијалков.