ВО ЖИВО: Оливер Спасовски закажа прес-конференција – ќе си поднесе ли министерот оставка?

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска во 14:30 најави обраќање на јавноста. Се очекува министерот Спасовски да каже повеќе детали за случајот со Сашо Мијалков.

„Ве известуваме дека денеска, 23.02.2021 година (вторник) со почеток во 14:30 часот, прес-конференција ќе одржи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски преку платформата Zoom.“, велат од министерството за внатрешни работи.