Суарез: Во Барса ми рекоа дека веќе сум стар да играм на врвно ниво

По половина година Уругваецот одлучи искрено да проговори за заминувањето од Барса, потенцирајќи дека во Атлетико се преселил за да докаже дека секогаш може да игра на највисоко ниво.

„Сметам дека заслужив повеќе почит од луѓето во клубот кога е збор за начинот на кој бев известен дека не им требам повеќе. Токму поради тоа одлучив да дојдам во Атлетико за да им покажам дека можам да играм на врвно ниво. Никој од Барселона не го договори мојот трансфер во Атлетико. Тоа беше исклучиво моја одлука, тие ништо не знаеја. Не ме сакаа повеќе во Барселона, и јас си донесов одлука која е најдобра за мене“ – вели Суарез.